365 дена /24 часа грижа за корисниците
на услугите во нашиот Дом.

Со задоволство Ви го претставуваме Домот за стари Зафир Сајто, Куманово, како институционален облик за грижа на старите лица чие постоење е од далечната 1956 год. додека во зградата во која сега успешно функционира е од 1978 год, до денес. Нашата желба е да ја разубавиме третата животна доба на нашите корисници со топлина, дружење, насмевка и постојана грижа и нега, за да се чувствуваат задоволни и спокојни.

Во Домот, големо внимание се посветува на планот на културно-забавниот живот и рекреација на корисниците, кои се предвидени во Годишната програма за културно-забавниот живот,која се изготвува од страна на лиценцирани социјални работници. Трите пространи сали за дневен престој со својата опременост пружаат извонредни услови за следење на радио и ТВ програми,дневен печат, играње на шах, домино и карти, читање на книги од матичниот фонд. Дел од корисничките се занимаваат со изработка на домашни ракотворби со што креативно го исполнуваат слободното време.

Image

Согласно Програмата за работа и активности со корисниците, секојдневно се реализираат групни и индивидуални активности со корисниците,од понеделник до петок. Двапати годишно се организираат еднодневни екскурзии со цел другарување и разонода. Наша цел е да ги запознаеме знаменитостите на нашата земја,посета на манастири, бањи, природни паркови, езера и реки, како и историски знаменитости.

Image

Често се организираат приредби и дружења со фолклорните, музичките, ликовните и литературните секции и друштва од градот. Прославување на празници, слави, Нови Години, славење родендени, даваат посебна топлина во нашиот објект.

Во Домот се обезбедени следните услуги:

  • Социјална заштита и адаптација – помош во периодот на адаптирањето во Домската средина, зошто разделбата од својот дом и спомените во него се мошне емотивни чекори за секое старо лице.
  • Работно-окупациона терапија со едукативни, рекреативни,креативни и др. активности со цел зајакнување на нивната самодоверба и расположение и нивната ментална способност.
  • Обезбедуваме сместување и исхрана, која е прилагодена на возраста, како и на здравствената состојба на корисниците, согласно НАССР стандарди.
  • Здравствената заштита и нега вклучува преглед од матичен лекар, контрола на притисок и шеќер во крвта, основни лабораториски анализи и доаѓање на лекари специјалисти.
  • Културно – забавен живот со активности од богатата и разноврсна Програма на активности кои тимски се организираат и реализираат, со акцент на мотивирање за нивно активно користење на преостанатиот потенцијал кој сеуште го поседуваат. Одбележување на 1-ви Октомври – Меѓународен ден на старите, како и Неделата за грижа на старите – последна недела во месец Ноември се зајакнува чувството на старите дека не се заборавени со истакнување на секаков вид поддршка и топло опкружување.

Располагаме со следниот капацитет:

Објектот на Домот е со вкупна површина од 3.353 m2 и дворна површина од 6.644 m2. Дворната површина на Домот е пространа, оплеменета со тревници, цвеќе и украсни дрвја..

Сместувачкиот капацитет на Домот е 175 кревети и располага со следните содржини:

  • Соби за престој на корисници (двокреветни и трокреветни со сопствена бања);
  • Канцеларии;
  • Магацини;
  • Кујна;
  • Трпезарии (1 главна и 3 помошни трпезарии);
  • 3 сали за дневен престој;
  • Библиотека;
  • Амбуланта;
  • Просторија за физикална терапија;
  • Перална.

Цената на месечно ниво е 11.800 денари.