Image

е-Наплата

Електронско плаќање на фактури

Плати

Image

Пријатно, релаксирано и пред се активно стареење.

Дознај Повеќе

ЈОУ Дом за стари лица “Зафир Сајто”

Покрај основната дејност на Домот за стари лица, која се состои од институционално згрижување, со овозможување на целосна грижа, здравствена заштита и комплетна социјална поддршка, мисија на Управата на Домот е подигнување на квалитетот на пружањето на услугите на сместените лица со оплеменување на нивниот простор за живеење, како и посебен акцент на преземање на што повеќе активности со цел попријатно и порелаксирано а пред се активно стареење.

За поуспешно функционирање на Домот во целина вo иднина ги предвидуваме активности кои ќе бидат реализирани во блиска иднина и тоа:

Заедно со другите градски организации како и соработка со Невладините Организации од Градот, ќе се работи на развивање на вонинстутуционалата заштита на старите лица во домашни услови, како во градот, така и во руралните средини, каде главната задача ќе ја преземе Домот бидејќи располага со човечки ресурси/мед.сестри, негователи.

Image
Image

За да останеме доследни кон новите барања и интереси на нашите корисници на услуги, континуирано се прилагодуваме и прифаќаме се што е ново и напредно.

Ние сме институција која постојано се надградува и инвестира во своите вработени.

Во тоа име, добредојдовте во Домот за стари лица, Зафир Сајто, да бидеме пријатели,деловни партнери и едно ГОЛЕМО СЕМЕЈСТВО…

МИСИЈА
Одиме напред кон создавање на што подобри услови за живеење на корисниците. Да им подариме љубов,насмевка и разбирање и да им го олесниме товарот што годините им го напластиле на нивните нејаки плеќи.

Заедно можеме уште многу да допринесеме да ја оплемениме,успокоиме и да дадеме достоинство и почит на третото доба…која тие ја заслужуваат.

ВИЗИЈА
Успешни понатамошни чекори кон развивање на вониституционална заштита со подршка и од другите организации за спроведување на грижа и помош на старите лица во домашни услови.

Image

Во сеќавање ми остана,топлиот прием во Домот, од страна на персоналот, кој ми беше особено важен во тие први денови на мојот престој. Тука сум веќе 5 години и ми е убаво..

Баба Стоја

Причината поради која дојдов овде е поради тоа што бев осамен, по смртта на мојата сопруга. Тоа што го барав и ми недостигаше, го најдов овде. Имам многу другари и другарки со кои секојдневно споделуваме убави и пријатни мигови..

Дедо Ѓоре

Домот е прекрасен,чист и реновиран. Пространиот двор, зелената површина, цвеќињата, се прекрасно релаксирачко катче каде јас и моите другарки, поминуваме убави и релаксирани мигови. Си седиме сите заедно, пиеме кафе и си разговараме.. Моите деца ме посетуваат кога имаат време, ги чекам со душа..

Дедо Милан

Тука стекнав многу блиски пријатели. Секојдневно се дружиме и
мене, особено задоволство ми причинуваат еднодневните екскурзии, бидејќи посетуваме различни места и потоа, кога сите заедно, ги споделуваме нашите впечатоци..

Баба Елена

Овде сум веќе 8 години. На почетокот бев скептик, како ке ми биде овде, но сето тоа е веќе минато. Се навикнав и убаво се чувствувам овде, во мојот втор дом. Со цимерката многу убаво си живееме. Особена радост ни причинуваат приредбите од дечињата, гостувањата на драмските секции, роденденските забави.

Дедо Крсто

Наши Услуги

Услуга во нашиот Дом, за сите категории на сместување, подразбира нега 24 часа дневно, 365 дена во година.

Image

Сместување и Исхрана

Обезбедуваме сместување и  исхрана, која е прилагодена на возраста, како и на здравствената состојба на корисниците, согласно НАССР стандарди.

Дознај Повеќе
Image

Здравствена заштита

Здравствената заштита и нега вклучува преглед од матичен лекар, контрола на притисок и шеќер во крвта, основни лабораториски анализи и доаѓање на лекари специјалисти.

Дознај Повеќе
Image

Социјална Поддршка

Социјалната поддршка вклучува социјална заштита и адаптација, работна терапија, културно-забавен живот и рекреација и други значајни активности.

Дознај Повеќе

Соопштенија

12 04.22

Завршна сметка за 2021 година

http://domzastarilicazafirsajto.mk/wp-content/uploads/2022/04/Zavrsna-smetka-903-9.pdf http://domzastarilicazafirsajto.mk/wp-content/uploads/2022/04/Завршна-сметка-787-13.pdf

Прочитај Повеќе

14 01.22

ЈАВЕН ПОВИК

Сите заинтересирани корисници и старатели на корисници на  услуги во нашата Установа, кои имаат желба да учествуваат…

Прочитај Повеќе

03 06.21

Завршни сметки 2020

Биланс на приходи и расходи 787 Биланс на приходи и расходи 903 Биланс на состојба 787 Биланс…

Прочитај Повеќе