22/11/2019 at 2:03 pm · · Коментарите се исклучени на ЈАВЕН ПОВИК ЗА СОВЕТ НА КОРИСНИЦИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СОВЕТ НА КОРИСНИЦИ

Сите заинтересирани корисници и старатели на корисници на  услуги во нашата Установа, кои имаат желба да учествуваат во подобрување на работата што е во интерес за корисниците и Установата можат да поднесат апликација во Канцеларија број 9 во просториите на Домот.

За член на Советот на корисници може да биде избрано лице:

  • корисник на права или услуги од надлежност на установата
  • родител/старател на лице корисник на права или услуги од надлежност на установата
  • лице кое не е осудено со правосилна судска пресуда
  • лице на кое не му е одземено родителското право
  • државјанин на Република Северна Македонија

При поднесување на апликацијата лицето кое се јавува на јавниот повик треба да ги достави следниве документи:

  • потврда дека е корисник на право или услуга или потврда дека е родител или старател на лице корисник на права или услуги од надлежност на установата
  • потврда за неосудуваност
  • потврда дека не му е одземено вршењето на родителското право
  • Кратка биографија
  • Мотивационо писмо
  • Државјанство

За избор на членови на Советот на корисници, одлучува Комисија.

Категории Соопштенија