14/01/2022 at 1:13 pm · Zafir Sajto · Коментарите се исклучени на ЈАВЕН ПОВИК
ЈАВЕН ПОВИК
Сите заинтересирани корисници и старатели на корисници на услуги во нашата Установа, кои имаат желба да учествуваат во подобрување на работата што е во интерес за корисниците и Установата можат да поднесат апликација во Канцеларија број 9 во просториите на Домот.
За член на Советот на корисници може да биде избрано лице:
- корисник на права или услуги од надлежност на установата
- родител/старател на лице корисник на права или услуги од надлежност на установата
- лице кое не е осудено со правосилна судска пресуда
- лице на кое не му е одземено родителското право
- државјанин на Република Северна Македонија
При поднесување на апликацијата лицето кое се јавува на јавниот повик треба да ги достави следниве документи:
- потврда дека е корисник на право или услуга или потврда дека е родител или старател на лице корисник на права или услуги од надлежност на установата
- потврда за неосудуваност
- потврда дека не му е одземено вршењето на родителското право
- Кратка биографија
- Мотивационо писмо
- Државјанство
За избор на членови на Советот на корисници, одлучува Комисија.